2022-08-11
Еко-креативна работилница
Во рамките на програмата ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови’’ при Црвен крст на град Скопје, во месец јуни се израбoтуваа украсни кутии од неупотреблива облека доставена во продавницата Копче.
Корисниците од дневниот центар за стари лица ги кроеа, пеглаа, плетеа и лепеа парчињата облека, а на крајот и украсуваа. Ваквите кутии во иднина ќе бидат изложени на нашите базари.
Овој тип на работилници се одлична можност да покажеме дека рециклирањето е корисно, потребно и забавно.