Пребарувај по датум:
2019-02-12

Едукативно предавање за превенција од Диабетес наменето за лицата со оштетен вид

Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид – Црвен крст на град Скопје, на 07 Февруари 2019 година, во просториите на Сојузот на слепи при град Скопје, се реализираше едукативна работилница на тема – Диабетес, наменета за корисниците на Центарот за поддршка. Работилницата беше од интерактивен карактер преку една дискусија помеѓу корисниците и едукаторот – медицинско лице – претставник од Стручната служба на Црвен крст на град Скопје кој ја водеше работилницата. Сите присутни корисници на работилницата можеа да добијат соодветни одговори и совети за оваа болест како и да се информираат подетално за истата. Темата опфати повеќе содржини како – статистички податоци на светско ниво во однос на луѓе заболени од оваа болест, рано откривање, симптоми, видови на Диабетес, превенција и лекување на болеста. Оваа тема беше предложена и планирана од страна на тимот на Центарот за поддршка, поради причината дека е еден од најголемите фактори и причинители за појава на слепило. На работилницата присуствуваа 18 корисници на Центарот за поддршка, 1 претставник од Стручната служба на Црвен крст на град Скопје и 1 претставник од Центарот за поддршка.

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.