Едукативни работилници за превенција од трговија со луѓе
Како дел од планираните активности за одбележување на 18 октомври- Европски ден за борба против Трговија со луѓе, во Црвен крст на град Скопје реализирани беа три едукативни работилници.
Обучен врснички едукатор, реализираше онлајн работилница за членовите на Клубот на млади, а во рамки на ПТЦ Винојуг, за членовите на мобилен тим Липково и тим Табановце и за претставници на ИОМ, МТСП и МЗМП се одржаа едукации со фузичко присуство од страна на обучени членови од мобилните тимови. Целта на истите беше да се претстави поимот трговија со луѓе, нејзините облици , фази како и начините како истата може да се превенира. Од страна на присутните, беа препознаени и коментирани одредени облици на ТЛ, а членовите на мобилните тимови споделија искуства во однос на работата со ирегуларни мигранти, како и мигранти сместени во рамки на ПТЦ Винојуг и Табановце. Посебен акцент беше ставен и на институционалниот пристап и системот за препраќење до соодветни, надлежни организации и институции.