Едукативни работилници
Во рамки на ЕУ проектот„Создаваме заедно – Мониторинг и застапување на заедницата“, финансиран од ЕУ во соработка со фондација “Конрад Аденауер”, а во имплементација на Здружение на правници на РМ и НВО Атина од Р. Србија , преку Црвен крст на град Скопје,во текот на месец Мај, реализирани беа 10 работилници во средни училишта во кои Црвен крст на град Скопје има училишни клубови за едукација и превенцијаи во ООЦК на територија на град Скопје.
Преку унифицирана презентација појаснети беа поимите мигранти, бегалци, причините за напуштање на домот. Акцент се стави на улогата на Црвен крст на РМ во мигрантската криза, како и на предностите, недостатоците и препораките за справување со идни предизвици. За младите посебно беше важно да се нагласни потребата од недискриминација и прифаќање на различности, бидејќи токму младите се оние кои треба да ја пренесат позитивната порака меѓу своите врсници, блиските во опкружувањето и семејствата.
Темата наиде на одличен прием кај членовите на РО во општинските организации на Црвен крст, вработените, кај соработниците, младите. Преку работилниците, во оваа фаза опфатени беа 260 лица.