Едукативна посета на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија
Во рамки на програмските активности на Дневниот престој за стари лица за активно стареење, корисниците реализираа едукативна посета на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
Посетата им овозможи на присутните да се запознаат со историските настани поврзани со холокаустот, за еврејската заедница во Македонија и значењето на зачувувањето на историското паметење. Преку стручно водство и музејската
поставка, корисниците имаа можност да стекнат нови знаења, да разменат мислења и да разговараат за важноста на толеранцијата, почитувањето на различностите и човековите права.
Ваквите едукативни и културни активности претставуваат значаен дел од програмата за активно стареење, бидејќи придонесуваат за доживотно учење, социјална вклученост и поттикнување на активното учество на повозрасните
лица во заедницата.
Посетата помина во пријатна атмосфера, оставајќи силен впечаток кај сите присутни и потсетувајќи на важноста од негување на културата на сеќавање и мир.
