2019-02-26
Едукација за гранична полиција
Едукација ”Студен бран – смрзнатини, хипотермија и компликации од истите / безсознаниеи престанок на витални функции”се одржа за потребите на граничната полиција на граничниот премин Крива Паланка и Пелинце. Истата се изведе на 14 февруари 2019год и вкупно ја следеа 18 присутни. Темите беа фокусирани на прва помош и само-помош при смрзнатини, хипотермија и компликации кои може да настанат од истите (безсознание и престанок на витални знаци). Целиот материјал беше презентиран интерактивно и практично со симулација на повредени. На присутните им беа поделени флаери за студен бран на македонски и албански јазик и прирачник за прва помош на работното место.