Пребарувај по датум:
2018-03-07

Едукација и дружење – Edukim dhe shoqerim

Во периодот од 2-4 март, се одржа првата, од трите планирани работилници, за подигнување на јавната свест за намалување на ризици од катастрофи. 64 ученици и наставници од ООУ 25 Мај и ООУ Ѓерѓ Кастриот – Скендербеу во Тренинг центар Солферино, се дружеа и стекнаа знаења за Црвениот крст- дисеминација, занаења за основна прва помош, заштита и самозаштита во случај на катастрофа, промоција на хигиена, безбедност на вода. Поддршка во едукативните сесии дадоа волонтерите од општинската организација на Црвен крст Струга и Црвен крст Охрид кои преку практични примери и вежбовни активности поттикнаа интеракција.
Активноста е реализирана од Црвен крст на Р. Македонија, Црвен крст на град Скопје со поддршка на Црвената полумесечина Казахстан.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.