Едноднева екскурзија со децата од интернатот од с. Љубанци
Одделот за млади на Црвен крст на град Скопје, во рамките на своите традиционални хуманитарни активности организира дружење со деца од социјално загрозени семејства, ранливи категории и рурални средини.
Преку овој вид на активности, сакаме да им подариме забава, радост и убави моменти на децата на кои им недостасува повеќе дружење, забава, радост.
Една таква активност беше реализирана на 26.11.2008 година. Младинците на Црвен крст на град Скопје со организиран превоз, ги земаа децата од интернатот во с.Љубанци. Оттаму следуваше посета на Зоолошката градина, каде што децата имаа можност да ги видат и одблизу да ги запознаат животните. Потоа го посетивме и Природно-научниот музеј, каде што кустосот не запозна со се она што го нуди музејот и сите видови животни кои постојат во Р. Македонија.
За крај следуваше топол оброк од Мек Доналдс и прошетка во ТЦ Рамстор.
Во придружба на младинците, по прекрасно поминатиот ден, со организиран превоз од Црвениот крст децата беа повторно вратени во с.Љубанци.