Пребарувај по датум:
2021-10-22

Државна Лотарија и Црвен крст со заедничка хуманитарна акција за поддршка на ранливи категории

Во рамки на заедничката хуманитарна акција за поддршка на ранливи категории, во изминатиов период поделени беа 700 пакувања со суплементи (минерали и витамини) и тоа на лицата сместени во Домот за стари лица Мајка Тереза и ЈЗУ Специјализиран болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември – Скопје, на згрижувачите кои згрижуваат деца без родителска грижа, како и на корисниците на социјалните сервиси на Црвен крст – Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови по повод Меѓународниот ден на старите лица.

Активноста е поддржана од Државна Лотарија преку издојување на процент од продажбата на инстант лозовите „Еко скутер” во пакет „Среќа плус”  .

Целта на оваа дистрибуција е да обезбедиме грижа , поддршка и здравствена заштита на лицата во трето доба како ранлива категорија на граѓани погодени од КОВИД- 19. Истата ќе продолжи и наредните месеци, преку поддршка за различни целни групи.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.