Дружење со вработените од хотел Мериот
Во соработка со одделот млади при Црвен крст на град Скопје вработените од хотел Мериот го посетија дневниот центар за церебрална парализа. За одличната забава се погрижи бендот 2Be како и учениците од средното музичко училиште Илија Николовски – Луј кои ги исполнуваа сите музички желби на корисниците од центарот, а слатките изненадувања приготвени за нив дополнително придонесоа сите да имаат весел ден исполнет со многу насмевки.
Хотел Мериот е позитивен пример кој дава поддршка во активностите на Црвен крст на град Скопје , a приготвувањето храна и целосната посета на Центарот е во склоп со филантропска филозофија на ниво на групацијата Marriott, наречена Take Care Initiative. Преку оваа глобална иницијатива се поттикнува високото ниво на култура и свест на вработените кон заедницата и кон граѓаните.