2019-01-10
Дружење со Дедо Мраз и со децата со оштетен вид
Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид при Црвен крст на град Скопје се реализираше новогодишно дружење со децата од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“. Тимот од Центарот заедно со Дедо Мраз на децата им поделија новогодишни пактечиња и им посакаа среќни празници, а децата своите желби за 2019 година ги запишаа на една заедничка честитка. Но тимот не ги заборави и новогодишните подароци за волонтерите во Центарот кои даваа свој значителен придонес во текот на целата година.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.