2017-09-27
ДРУЖЕЊЕ СО ЛИЦАТА ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА
Во рамките на проектот за поддршка и социјализација на лица со посебни потреби, Црвен крст на град Скопје во соработка со ЈСП организираше прошетка низ градот со панорамски автобус за лицата од дневниот центар за церебрална парализа – Капиштец. Тие заедно со волонтерите од Клуб на млади ги разгледуваа убавините и знаменитостите кои ги нуди градот, ги пееја своите омилени песни, а многуте насмевки и убавата музика допринесоа тие заедно со нивните родители да имаат весел и исполнет ден.