Пребарувај по датум:
2022-05-19

Дозволи ми да те слушнам

На ден 16.05.2022 во Дневниот центар за лица со интелектуална попречеост “Пролет” се одржа ликовна работилница под наслов – “Дозволи ми да те слушнам “

Истоимената работилница е дел од проектот на уметницата Андријана Андреева, поддржан од Министерство за култура како проект од национален интерес за 2022год.

На работилницата земаа активно учество корисниците од Дневниот центар. Истата се одржи под будното око на стручните лица од Црвениот крст како и од здружението “Стремеж“ (С.Арсовска и Д.Тарчуговска) ангажирани како соработници на проектот. Целта на првата работилница е да се слушне внатрешниот глас на учесниците, сето она што не можат да го артикулираат, преку спонтан експериментален цртеж.

Различноста не треба да биде пречка за да го слушнеме гласот на овие значајни членови на нашата заедница – вели уметницата А. Андреева

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.