2012-08-30
Донација од Арчелор Митал – Скопје за пунктот за бездомници
Во просториите на Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје во Момин поток, релизирана беше уште една хумана донација на алишта.
По иницијатива на менаџментот и вработените во компанијата Арчелор Митал – Скопје, донирана беше голема количина облека наменета токму за оваа категорија корисници.
Дел од менаџментот го посети пунктот и оствари директен контакт со корисниците и се запознаа со работата на овој објект.
Со оглед дека станува збор за специфична група население со голем степен на ризик, ваквите донации се добредојдени од сите заинтересирани поединци или компании за што сме особено благодарни.