2020-01-20
Доделување на сертификати за успешно завршена обука за негуватели на стари и немоќни лица 2020
Обуката се реализираше во рамки на проектот: ,,Зголемување на вработливоста на жени Ромки во град Скопје’’, поддржан од страна на граѓанското здружение ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување преку Програмата за регрантирање во рамките на ЕУ проектот: Отвораме можности. По успешно завршување на обуката која започна на 17.09.2019, 10 негуватели успешно се стекнаа со сертификати за негуватели на стари и немоќни лица. Свеченото доделување на сертификати се оддржа на 15.01.2020 во просториите на Црвениот крст на РСМ.