Пребарувај по датум:
2022-07-05

Доделување на сертификати за обука за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Црвениот крст на град Скопје на 30.06.2022 организираше завршен настан за доделување на сертификати на учесниците во обуката за ,,Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост“  по повод успешно сертифицирање на 14 нови негуватели.

Обуката се одвиваше во периодот од 05.04.2022 до 29.06.2022 во Едукативниот тренинг центар на Црвениот крст на град Скопје.  Одговорни за наставните содржини на обуката беа четворица едукатори од различни профили и тоа:  дефектолог, социјален работник, доктор и медицинска сестра. Во рамките на оваа обука кандидатите се стекнаа со нови знаења и техники од областа на негата во домашни услови, психосоцијалната поддршка, како и теоретски и практични знаења за соодветните целни групи за кои и се обучуваат негувателите. Обуката се реализираше во рамки на проектот  „Поддршка за инклузивен развој на услуги за долгорочна грижа во заедниците преку инкорпорирање на партиципативни пристапи на различни чинители (InCARE)’’, кофинансиран од Европската унијa.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.