Доделување на сертификати за обука за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост
Црвениот крст на град Скопје на 09.06.2023 организираше завршен настан за доделување на сертификати на учесниците во обуката за ,,Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост“ по повод успешно сертифицирање на 12 нови негуватели.
Обуката се одвиваше во периодот од 15.02.2023 до 15.05.2023 во Едукативниот тренинг центар на Црвениот крст на град Скопје. Одговорни за наставните содржини на обуката беа четворица едукатори од различни профили и тоа: дефектолог, социјален работник, доктор и медицинска сестра. Во рамките на оваа обука кандидатите се стекнаа со нови знаења и техники од областа на негата во домашни услови, психосоцијалната поддршка, како и теоретски и практични знаења за соодветните целни групи за кои и се обучуваат негувателите. Обуката се реализираше во рамки на проектот „Поддршка за инклузивен развој на услуги за долгорочна грижа во заедниците преку инкорпорирање на партиципативни пристапи на различни чинители „ (InCARE), кофинансиран од Европската унија.