2019-07-09
Доделување на сертификати за негуватели на стари и немоќни лица
На 28.06.2019 во просториите на Црвениот крст на Република Македонија беше реализирано доделувањето на сертификати за негувател/ка на стари и немоќни лица. По успешно завршување на обуката 14 лица заслужено се стекнаа со нови компетенции и знаења од областа на негата во домашни услови, кои во иднина ќе придонесуваат за добросостојбата и здравјето на старите лица.
Оваа обука траеше 4 месеци и истата беше поддржана од страна на Австрискиот Црвен крст и град Виена.