Пребарувај по датум:
2021-07-02

ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ НА НОВИ НЕГУВАТЕЛИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

На 29 јуни, Црвен крст на град Скопје во рамки на проектот ”Нега на стари лица во домашни услови во општина Карпош”, финансиран од Министерсво за труд ис цоијална политика  и Светска Банка, со поддршка на Општина Карпош  реализираше свечено доделување сертификати на обучени негуватели за нега и грижа на стари лица во домашни услови во општина Карпош.

Како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, иницијални 60 корисници од Општина Карпош ќе ја добиваат услугата помош и нега во домот од страна на 20 сертифицирани Негувател/ки за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

За повеќе информации поврзани со услугата може да се обратите во Инфо канцеларијата за помош и нега во домот Мост Влајко, нас.Влае или на 075 35 22 46.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.