2021-07-02
ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ НА НОВИ НЕГУВАТЕЛИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
На 29 јуни, Црвен крст на град Скопје во рамки на проектот ”Нега на стари лица во домашни услови во општина Карпош”, финансиран од Министерсво за труд ис цоијална политика и Светска Банка, со поддршка на Општина Карпош реализираше свечено доделување сертификати на обучени негуватели за нега и грижа на стари лица во домашни услови во општина Карпош.
Како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, иницијални 60 корисници од Општина Карпош ќе ја добиваат услугата помош и нега во домот од страна на 20 сертифицирани Негувател/ки за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.
За повеќе информации поврзани со услугата може да се обратите во Инфо канцеларијата за помош и нега во домот Мост Влајко, нас.Влае или на 075 35 22 46.