2019-01-10
Доделување на сертификати на негувател/ки на стари и немоќни лица
Ја заокружуваме 2018 година со уште една успешно реализирана сертифицирана обука за негувател/ки за стари и немоќни лица, која се одвиваше во периодот од 24.10.2018 до 18.12.2018 година.
Обуката во времетраење од 2 месеци ја поминаа и успешно ја завршија 10 лица и истите се стекнаа со сертификат за негувател/ка на стари и немоќни лица. На 25.12.2018г. се одржа свечено доделување на сертификатите во Црвен Крст на Република Македонија.
Им упатуваме честитки до идните негуватели и успех во работата!