Доделување на лиценца за провајдер на социјална услуга и отворање на инфо канцеларија за помош и нега во домот во општина Карпош
На 19 јули, Црвениот крст на град Скопје во соработка со општина Карпош, за потребите на проектот ”Нега на стари лица во домашни услови во општина Карпош”, финансиски поддржан од Министерството за труд и социјална политика и Светска Банка, ја отвори новата Инфо канцеларија за помош и нега во домот, каде што граѓаните на општина Карпош ќе можат да се информираат за оваа услуга. На официјалното отворање е доделена лиценца за услугата помош и нега во домот наЦрвениот крст на Град Скопје за услугата – помош и негаво домот за стари лица со навршени 65 години кои неможат да се грижат за себе.
Вкупно 20 негуватели кои поминаа стручна обука ќе сегрижат за околу 60 корисници на услугите во општинатаКарпош. Негувателите ќе обезбедуваат помош воодржување на личната хигиена, поддршка во одржувањена домот и обезбедување на потребни намирници и слично, до 80 часа месечно.
Целта е да се подобри и одржи здравјето на корисникот вонеговото семејно опкружување и тоа преку доближување и привлекување на што поголем број на корисници на услугата помош и нега во домот со која се обезбедува помош во вршење основни и инструментални активности од секојдневниот живот на стари лица со намален функционален капацитет, од страна на професионални и сертифицирани негуватели за стари лица и лица со попреченост во домашни услови во општина Карпош.
Сите заинтересирани граѓани за оваа услуга, може да се обратат во инфо канцеларијата во мост Влајко, секој вторник и четврток од 10.00-14.00 часот или на телефонскиот број 075 35 22 46.