Доделени сертификати на лични асистенти на лица со попреченост
Црвен крст Република Северна Македонија – Црвен крст на град Скопје во рамки на програмата ,, Лична асистенција на лица со пореченост,, успешно реализираше уште една обука, седма по ред за лични асистенти.
Вкупно 17 кандидати успешно го положија финалниот испит со што се здобија со лиценциран сертификат за личен асистент.
На 22.07.2022 година во просториите на Едукативниот тренинг центар беа доделени сертификатите на личните асистенти.
Асистентите се здобија со сертификат за Личен асистент на лица со попреченост и се стекнаа со компетенции за самостојно помагање на корисниците, помош и поддршка на корисникот во домот, работното место, образовниот процес и заедницата како и компетенции за самостојно да води ефикасна комуникација, да дава психосоцијална поддршка и учествува во социјализација и ресоцијализација на корисникот.