Добри практики
По повод 05 Декември, Светскиот ден на волонтерство, Црвен крст на град Скопје беше домаќин на Американската амбасадорка во РСМ г-ѓа Кејт Мари Брнз и Директорорт на Peace Corps во РСМ г. Марл Ханафин во РСМ. Работната посета беше со цел презентација на добра практика на волонтер од Peace Coorps кој беше дел од Црвен крст на град Скопје во текот на целата 2019 година. Личното искуство го сподели Дејвид Олсен кој придонесе за зајакнување на капацитетите на нашата организација за време на неговиот престој. Во 2020 година, заради досегашното позитивно искуство, ќе имаме нов волонтер од истата организација кој ќе биде активен во одделот за млади. Средбата беше искористена и за презентација на активностите на Црвениот крст на град Скопје како и посета на Дневните центри за стари лица и крводарителство.