2019-12-04
Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “ПРОЛЕТ”
Црвен крст на град Скопје во соработка со Општина Центар – Скопје свечено го отвори Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “ПРОЛЕТ”.
На отварањето на центарот присутвуваа и градоначалник на град Скопје г. Петре Шилегов, градоначалиник на општина Центар г. Саша Богдановиќ а свое обраќање имаше и секретар на Црвен крст на град Скопје г-ѓа Сузана Т.Пауновска.
Дневниот Центар преку организирање на креативни работилници и едукации ќе има за цел социјализација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост во општеството. Работното време на Дневниот Центар ќе биде секој работен ден од Понеделник до Петок од 08 до 16 часот.