2023-09-09
Дистрибуција на суплементи за лица во трето доба
Во рамките на социјалниот сервси „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје, во месец август беа поделени околу 600 суплементи кај 200 корисници во домашни услови. Целта на оваа активност е грижа и здравствена заштита кај лицата во трето доба со употреба на дополнителни витамини и минерали.
Продолжуваме да се грижиме за лицата во трето доба за нивното здравје и психофизичка состојба.
Оваа активност е поддржана од Швајцарски Црвен крст.