ДИСТРИБУЦИЈА НА ПАКЕТИ СО ХРАНА
Од последната недела на месец април 2012, Центарот за поддршка преку активностите на Едукативниот центар започна со едукативна работа со деца од предучилишна возраст кои живеат на територија на Шуто Оризари.
Во тој месец беа опфатени се 7 деца од предучилишна возраст, од кои 7 момчиња и 3 девојчиња.
Со децата се работи на подобрување на македонскиот јазик и говор како и на ситната моторика според однапред подготовена програма.
Како поддршка за семејствата чии деца редовно го посетуваа Едукативниот центар во текот на месец мај 2012, Црвениот крст на Република Македонија донираше пакети со храна и на тој начин помогна 4 семејствата, односно 6 деца. Оваа донација е поддршка за семејствата чии деца во учебната 2012/2013 треба да ги запишат децата во редовниот систем на образование.
Диструбуцијата на пакетите се изврши на 25.05.2012 од страна на тимот на Центарот за поддршка. Оваа подршка ќе продолжи и во наредните месеци со тоа што бројката ќе биде поголема, бидејќи се зголемува и интерсот на родителите за посета на нивните деца во Едукативниот центар и вклучување во нашите едукатвни активности.