Пребарувај по датум:
2018-02-02

ДИСТРИБУЦИЈА НА ДОНАЦИИ

ДИСТРИБУЦИЈА НА ДОНАЦИИ

Дистрибуција на донации, Крводарителската акција-11Септември
Храната и хигиенските средства собрани од хуманите граѓани, партнерите и соработниците за време на крводарителската акција која секоја година се случува на 11 Септември во соработка со Американска амбасада во Скопје, се дистрибуира на ранливи категории на население.
На 01 февруари се направи заедничка посета и се реализираше донација на прехрамбени и хигиенски пакети за неколку семејства кои имаа можност да се запознаат со претставници на Амбасадата на САД и Црвениот крст на град Скопје.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.