2025-11-13
Дисеминациска сесија за Ротари клуб
На 8 ноември, по повод Светската недела на Интеракт, во соработка со Ротари клуб – Скопје Исток, се одржа дисеминациска сесија наменета за членови на клубот и за деца и младинци на возраст од 8 до 14 години, во рамките на активностите на Црвениот крст на град Скопје.
Целта на сесијата беше едукација и запознавање на присутните со следниве теми:
- историјатот и потеклото на Црвениот крст,
- значењето на амблемот,
- седумте основни принципи на движењето,
- организациската поставеност на Црвениот крст,
- основните аспекти на неговото работење на национално и локално ниво.
На сесијата присуствуваа вкупно лица, кои активно се вклучија во дискусијата и покажаа голем интерес за активностите и мисијата на организацијата.
