2025-10-22
Дисеминација за волонтери и практиканти
На почеток на месец октомври се одржа дисеминациска сесија за новите волонтери и практиканти во рамки на активностите на Црвениот крст на град Скопје.
Целта на сесијата беше едукација и запознавање на новите членови со:
- историјатот и потеклото на Црвениот крст,
- значењето, употребата и злоупотребата на амблемот,
- седумте основни принципи на движењето,
- Женевските конвенции,
- организационата поставеност на Црвениот крст,
- како и основните аспекти на неговото работење на национално и локално ниво.
На обуката присуствуваа вкупно пет лица, кои активно се вклучија во дискусијата и покажаа интерес за активностите на организацијата.
