Пребарувај по датум:
2024-03-19

Дисеминација на лица во трето доба

На 18 март во просториите на  Центарот за дневен престој за стари лица за активно стареење – Чаир, при Црвен крст на град Скопје се оддржа дисеминација за лицата во трето доба.

На работилницата присуствуваа 24 корисници кои се запознаа со историјатот на организацијата, принципите, целите, улогата на основоположникот Анри Динан, правилната употреба на амблемот, како и етичкиот кодекс за волонтерите и вработените.

Целта на оваа активност е од едукативно значење за корисниците, бидејќи тие како корисници  и волонтери се вклучени во активностите на Црвен крст на град Скопје и е важно да ја знаат улогата и мисијата на организацијата.

Центарот за дневен престој за стари лица за активно стареење во општина Чаир е поддржан од Министерство за труд и социјална политика и Светска Банка

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.