Пребарувај по датум:
2015-07-06

ДИСЕМИНАЦИСКИ ОБУКИ ВО С.ЗРНОВЦЕ И ПОЖАРНА ЕДИНИЦА КОЧАНИ

На 30ти јуни, на иницијатива на ООЦК Кочани, дисеминатор на Црвен крст на град Скопје оддржа две дисеминациски обуки.

Една од обуките се реализираше со претставници-пожарникари од пожарната единица во Кочани со која ООЦК Кочани реализира тековни активности.

Втората обука се реализираше со претставници од единицата на локална самоуправа од с.Зрновце и претставници на локалното население. Обуката во с.Зрновце се реализираше како една од активностите при форирање на основна единица на ЦК во с.Зрновце на која присуствуваше и градоначалникот на општината.

Дисеминациските обуки се од исклучителна важност за ширење на знаењата и мисија на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.