2021-06-16
Дисеминациска сесија за негувателите
За потребите на проектот “Нега на стари лица во домашни услови” во општина Карпош, финансиран од Министерство за труд и социјална политика и Светска банка, во рамки на “ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ”, се организираше дисеминациска обука.
👉🏻 13 учесници на обуката имаа можност да следат дисеминациска сесија и да се стекнат со поголеми знаења за движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, основните принципи, употребата на логото на Црвениот крст но и воопшто да добијат поширока слика за организацијата во рамки на која ја следат обуката.
👉🏻 Во текот на обуката беше ставен акцент на етичкиот кодекс на професионалците и волонтерите.