Дисеминациска сесија
На 07 јуни се оддржа редовна дисеминациска сесија. Од оваа година, сесиите се организираат секој 7 во месецот, а по потреба и повеќе пати. На обуката присуствуваа 7 лица, од Центарот за Прва помош и негователи за помош и нега во домот на територија на општина Кисела Вода.
Обуката се сосотои од делот за историјатот на Црвениот крст, компонентите, принципите, Женевските конвенции, амблемот како и активностите кои се спроведуваат на локално ниво. Покрај овој дел задолжително се поминува делот за правилно однесување во соообраќајот, за време на активностите како и на социјалните медиуми додека се носи амблемот Црвениот крст.
Дисеминациските сесии се важни, потребни и корисни бидејќи новите вработени, волонтери и практиканти добиваат информации за организацијата, ја разбираат големината на истата, развиваат чувство на припадност како и тоа дека имиџот на Црвениот крст зависи од секој еден во организацијата.