Пребарувај по датум:
2017-07-17

Дисеминациска обука за 40 кориснички

Во рамки на проект „Креирање на можности за нови вработувања на жената“, имплементиран од страна на Црвениот крст на Република Македонија во партнерство  со Здружението Хуманост, Скопје и Австрискиот Црвен крст и финансиран од Европска Унија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4) се оддржа дисеминациска сесија за сите учеснички на проектот. Имаа можност да се запознаат со принципите на Црвениот крст, со историјатот на организацијата како и со активностите и начините на дејствување во рамките на организацијата.

Целта на проектот е да се зголеми интеграцијата на долгорочно невработените жени над 40 годишна возраст на пазарот на трудот и ќе се придонесе да се развие и верификува програма за обука за негуватели за стари и немоќни лица, како и да се развијат знаења и вештини на долгорочно невработени жени за обезбедување на  мобилни социјални услуги за стари лица.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.