2014-12-22
Дисеминација за најмладите
100 ученици од основно училиште “11 Октомври” ги посетија просториите на Црвениот крст на град Скопје и Општинската организација на Црвен крст Центар.
Учениците се запознаа со амблемот, гледаа едукативен филм за принципите на Црвениот крст, го посетија просторот на Дневниот ценатар за стари лица и се запознаа со процесот и начинот на дарување на крв во Центарот за доброволно дарување на крв. На крајот добија листови за боење како и честитки на кои можаат да ги запишаат своите Новогодишни желби. Едукациите продолжуваат, со цел доближување на знакот и улогата на Црвениот крст за најмладите и потиикнување на хуманоста како основна вредност на секој човек.