Пребарувај по датум:
2008-12-21

Дисеминација за 220 студенти од Медицински и Стоматолошки факултет

Црвен крст на град Скопје,  традиционално,  во рамките на теренска настава по предметот Социјална медицина спроведува дисеминациска обука на студентите од Медицински и Стоматолошки факултет.

Така и оваа година во текот на  месец декември,  И година на студии по  кредит трансфер системот, ја поминаа обукаата преку која се запознаа со Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина и се запознаа со активностите ,работата и структурата на Црвениот крст на Р.Македонија. Акцентот беше ставен на историјатот, амблемот, Женевските конвенции и принципите на Црвениот крст, но и активностите коишто ги работи Црвениот крст на Р.Македонија, затоа што идните лекари и стоматолози се потенцијални волонтери во организацијата.
Вкупниот број на студенти кои ја поминаа обуката, организирани во 4 мини работилници изнесуваше 220 студенти.
Заради добрата соработка со факултетот како и нивното задоволство од начинот на организирање на сесиите од страна на Црвен крст на град Скопје, активноста ќе продолжи и во иднина, бидејќи идните лекари се и една од целните групи на Движењето на Црвен крст.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.