Деветнаесети државен натпревар по прва помош
На 25ти септември, во периодот од 09:30 до 17:00 часот, се одржа Деветнаесетиот државен натпревар по прва помош чиј домаќин беше Црвениот крст на град Скопје.
Четиринаесет бази на две траектории за натпреварување беа лоцирани на Плоштад Македонија, Скопската чаршија, кај споменикот на Скендер Бег, Жена парк и Градски Трговски Центар, каде 25 најдобри екипи од целата држава имаа можност да укажат третман на повредените во одлично исценирани итни ситуации.
Првото место за најподготвена екипа по прва помош го зема екипата од ООЦК Кисела Вода. Второпласирана беше екипата од ООЦК Карпош, а третото место и припадна на екипата од ООЦК Центар.Натпреварот претставуваше одлична можност за сите екипи да ги потврдат своите знаења по прва помош и да се забавуваат.