Пребарувај по датум:
2018-05-10

ДЕНОТ НА САВА

            Волонтирање, донирање, крводарување – пример за партнерство

Црвениот крст на град Скопје и оваа година имаше задоволство, повторно да биде партнер на Сава осигурување во одбележувањето на нивниот корпоративњен празник „Ден на Сава Ре“. Во текот на месец април беа реализирани голем број на хуманитарни и општествено одговорни активности со масовна поддршка и учество на вработените во компанијата.

Дел од нив го посетија центарот за дарување крв во ДХО Даре Џамбаз-Скопје и донираа крв како израз на највисок степен на солидарност.

Со нескриена љубов се вклучија во акцијата “Волшебно велигденско дрво” за да ги исполнат желбите на 30 деца и младинци од “Дневниот центар за лица со церебрална парализа – Капиштец”. Вработените освен подарок/желба, на секое дете му доставија и лична порака, а со самото тоа се стекнаа и со нови пријателства.

Дел од вработените еден работен ден го поминаа и волонтерски во Пунктот за бездомни лица во Момин поток каде донесоа домашно подготвена храна, се запознаа со корисниците, разговараа со нив и се дружеа неколку часа. И оваа година компанијата донираше 120.000 денари за здравствените потреби на корисниците на пунктот.

Компанијата редовно се вклучува во кампањите за донирање на облека, а овој месец во Сава осигурување се поставени првата кутија и штендер од новиот проект “Копче”, каде вработените започнаа секојдневно да донираат чиста и уредно подговена облека за потребите на проектот.

Како компанија со голема општествена одговорност и долгогодишен соработник на Црвен крст на град Скопје, неколку години по ред, преку својата програма за општествена одговорност, Сава Осигурување обезбедува месечна поддршка за храна, хигиена, лекови и лекувања на едно семејство во ризик.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.