Ден на згрижувачи
Во соработка со ЈУДетски дом ,,11 Октомври” – Скопје го одбележавме 1 Јуни, Денот на згрижувачи. Настанот беше осмислен како пикник со многу забава и дружење со децата. Ангажирани беа аниматори кои со содржините кои ги нудеа успеаа да им го задржат вниманието , им ги цртаа лицата и придонесоа да имаат весел ден со многу искрени насмевки . Едукаторот Војо имаше свое шоу, а присутните имаа можност да слушнат интересни приказни за дел од жителите на Зоолошка. Посебен акцент секако се стави на хуманоста на згрижувачите како позитивни примери во нашето општество. Голема благодарност упатуваме до нашите соработници Skopje Mаrriott Hotel кои се вклучија во организација како и на нашите пријатели од Зоолошка градина – Скопје . Заедно со нив и нивниот општествено одговорен пристап се грижиме за заедницата и даваме континуирана поддршка на многу целни групи.