2021-09-09
Дефиле-30 години независност!
Црвениот крст беше дел од дефилето, организирано по повод 30 години независност на земјата. Во формацијата на дефилето беа вклучени 77 волонтери и професионалци, како и две возила на Црвениот крст. Поканата и можноста за учество во ваков настан, претставува уважување на волонтерите и организацијата заради постојаната вклученост и давање поддршка на државата и институциите, секогаш и секаде каде што е потребно.
Во служба на хуманоста.