2012-12-05
Децата од градинката „13 Ноември“ учеа за Црвениот крст и грижата за старите лица
50 деца од градинката 13 Ноември на возраст од 4 и 5 години учеа за Црвениот крст и грижата за старите лица.
По повод изминатата недела на грижата за старите лица 19-25 ноември овие деца заедно со стручен соработник од Црвениот крст на град Скопје ги споделија своите искуства од активностите посветени на старите лица.
Сите информации кои ги добија најмалите беа прилагодени на возраста и согласно тоа целото предавање беше исполенто со видео материјали и фотогарафии за послесно да се долови материјата на децата.
Оваа активност ветува заедничка сорабтока и вмрежување на дел од активностите за зреење на хуманоста во возраста која е од исклучителна важност за децата од градинката и општеството воопшто.