Дебрифинг сесии
Црвен крст на град Скопје во соработка со Комора на психолози на Р.Македонија, на 03.09.2021 реализираше вкупно 5 дебрифинг сесии наменети за пожарникари, припадници на МВР, волонтери на Црвен крст и претставници од ЈП Македонски Шуми, кои учествуваа во гаснењето на пожарите во Кочани, Берово и Делчево.
Психолошкиот дебрифинг е интервенција која се дава по преживеана траума. Од страна на 7 лиценцирани психолози, поддршка добија 46 лица.
Благодарност до ООЦК Берово, ООЦК Делчево, ООЦК Кочани, ООЦК Центар и ООЦК Кисела вода, како и противпожатните бригади од овие региони и МВР за логистичката поддршка, учеството и препознавањето на потребата од грижа за менталното здравје на службите кои секојдневно се грижат за граѓаните.
Црвениот крст и Комората на психолози ќе обезбедат и онлајн дебрифинг средба за оние кои кои поради состојбата со КОВИД-19, не беа во можност да учествуваат на средбите за психолошки дебрифинг.
Линиите за психолошка поддршка се отворени и за локалното население кое учествувало во гаснењето на пожарите.