Пребарувај по датум:
2014-12-11

„Да споделиме радост“ Заедничка хуманитарна акција на Црвен крст и ЕВН Македонија

Црвениот крст на Република Македонија по четврти пат и оваа година во соработка и поддршка на EVN Македонија по повод Новогодишните празници организира заедничка хуманитарна акција „Да споделиме радост“.

Целта на оваа акција е да се подари насмевка и радост на децата на социјално загрозени семејства и  децата со посебни потреби и да се споделат среќните моменти  за Новогодишните празници.

На територија на град Скопје, Црвениот крст на град Скопје организираше заеднички Новогодишен настан за 100 деца со посебни потреби, деца со воспитно социјални проблеми и деца од ранливи категории семејства во Театарот за деца и млади. Настанот се реализираше на 12.12.2014 год., а децата ја проследија претставата “Веселата улица”. Кон крајот на претставата пристигна и Дедо Мраз кој ги изненади децата и ги анимираше при доделувањето на подароците. Во периодот 15-25.12 преостанатите 280 подароци ќе бидат однесени во установи кои згрижуваат ранливи деца од различни категории на територија на град Скопје.

На заедничкото дружење со децата присуствуваa и подароците ги врачиja претставниците на ЕВН Македонија, Секретарот на Црвен крст на град Скопје и волонтерите од клуб на млади на Црвен крст на град Скопје.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.