2024-12-20
Да прославиме безбедно
На 19 декември на Плоштадот Македонија, во соработка со СВР Скопје-оддел Превенција, Црвениот крст на град Скопје преку Тимот за одговор при катастрофи спроведе симулациска вежба “Укажување на прва помош на повреден од пиротехнички средства”.
Целта на вежбата е подигнување на јавната свест за несаканите последици од употребата на пиротехнички средства и безбедно прославување на новогодишните празници.