2022-07-18
Црвениот крст на Република Северна Македонија, започнувајќи од 15 јули 2022 година, ги отвори телефонските линии за донации 143 400 за корисниците на Телеком и А1
Црвениот крст на Република Северна Македонија, започнувајќи од 15 јули 2022 година, ги отвори телефонските линии за донации 143 400 за корисниците на Телеком и А1, со цел прибирање на средства за продолжување на потрагата по нашиот сограѓанин Мартин Јовановски во Халкидики, Република Грција.
Веста за потрагата на тројцата македонски државјани во Халкидики, од кои двајца се спасени, длабоко ја погоди јавноста и населението и во двете земји.
☎ Се повикуваат сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат во прибирањето на средства за продолжување на потрагата да се јават на објавениот број и заедно да помогнеме потрагата по Мартин Јовановски да продолжи.