Пребарувај по датум:
2008-03-24

Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности Црвен крст на град Скопје

Гости од Женева, Босна и Херцеговина и Шпанија

Месецот март беше месец кој за проектот ЦКА-ПХВ беше полн со настани и активности. Во текот на овој месец беа одржани преостанатите две редовни ЦКА-ПХВ работилници за овогодинешниот циклус. Првата работилница беше одржана во периодот од 9 до 11 Март и на истата беа присутни гости од Женева, а втората се одржа од 23 до 25 Март, со гости од НД на Босна и Херцеговина и претставници од Шпанскиот Црвен крст во Босна и Херцеговина.
И двете групи гости присуствуваа на по еден ЦКА-ПХВ пакет на активности. Еден пакет опфаќа присуство на една редовна ЦКА-ПХВ работилница, присуство на ЦКА-ПХВ презентација, присуство на еден нагледен час Вовед во ЦКА-ПХВ модел на дисеминација, состанок со раководството на Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Р. Македонија и присуство на еден состанок на Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје.
Во текот на овие две работилници ЦКА-ПХВ обуката ја добија уште 20 дисеминатори од 16 ООЦК во Р. Македонија. По завршувањето на работилниците, овие дисеминатори, потпомогнати од своите младинци кои ги придружуваа на работилницата, оваа обука ја имплементираа во своите ООЦК. На овој начин ЦКА-ПХВ обука добија по 30 млади волонтери во секоја ООЦК во Македонија.
По завршувањето на оваа обука во ООЦК, во текот на месец Април, тече периодот за изработка и документација на малите проекти за добробит на заедницата. Во моментов на своите мали проекти работат 1200 млади волонтери од целата република.
Подготвителна работилница за инструктори во проектот ќе се оддржи од 27-29 Април и тогаш ќе се евалуират сите проекти.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.