Пребарувај по датум:
2019-09-24

Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности

Црвен крст на Република Северна Македонија

Секоја година во рамките на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) се одбележува недела на Промоција на хумани вредности, од 21 до 27 септември. Оваа година организираме ПХВ дефиле  на 25 септември со почеток во 11.00 часот,  во секој град низ државата. Сите заедно, моќно да пратиме порака за вклучување, соживот, толеранција и мир.

Младите ќе организираат креативни работилници на кои ќе се изработат пораки за вклучување, мир, разбирање под мотото “ Дефилирај, не се фолирај!Defilo, mos u shtir!

Во Скопје настанот ќе започне во 11.00 пред СУГСОрце Николов, и 500 лица ќе се движат по бул. Илинден до крајната дестинација „Школка“ во Градски парк каде ќе има и пригодна програма. Рутата за дефиле ќе биде во должина од 2 км и за време на дефилето, учесниците ќе ги придружува Градскиот оркестар. Долж рутата, ќе дефилираат млади волонтетери, ученици, студенти, лица од трето доба, лица со попреченост… заедно во името на хуманите вредности.

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ)   претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р. Северна Македонија.

Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество. Тие во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.

Во текот на цилкусот 2019 година обуката ја поминаа 1100 младинци, и беа изработни 150 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа околу 3.800 лица од различни ранливи категории, вложувајќи околу 34.000 волонтерски часови.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.