Пребарувај по датум:
2018-02-19

Црвен крст на град Скопје, со поддршка на бројни партнери

Црвен крст на град Скопје, со поддршка на бројни партнери и соработници ја унапредува својата работа, пружа помош и поддршка на голем број крајни корисници. Поддршката од Македонски Каритас е уште еден позитивен пример на взаемна соработка, посебно во делот на справување со мигрантската криза во РМ. Хуманитарната помош донирана од нив, во голема мерка ги олесни потребите на оваа ранлива категорија.
Во насока на продлабочување на досегашната соработка, претставници од Македонски Каритас го посетија Црвен крст на град Скопје и остварија средба со Секретарот на организацијата на која беше разговарано за иницирање активности во неколку сфери на дејствување.
Преку ваков вид средби, заедничките иницијативи и партнерските релации со други организации се подигаат на повисоко ниво со цел заеднички да постигнеме повеќе.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.