Пребарувај по датум:
2008-05-20

Црвен крст на град Скопје и Скопски маратон

Црвен крст на град Скопје се вклучи во манифестација Скопскиот маратонот кој се организира  на 11 мај 2008 година.

Беа поставени шатори на плоштадот Македонија од страна на тимот за логистика  обележени со знаци на Црвен крст. Во шаторите тимот за прва помош им укажуваше помош на учесниците во маратонот кои имаа потреба од неа. Во текот на маратонот во шаторите им беше укажана прва помош на околу 20 учесници. Пократ двата тима учество зедоа и општинските тимови за одговор при катастрофи.

На плоштадот Македонија беа и младите од клубот на малади на Црвен крст на град Скопје, кои одбележани преку елечињата на Црвен крст ги продаваа вредносните бонови од кампањата За посреќно детство. На овој начин и младите се вклучија на спортска активност од пошироки размери што беше добра можност за промоција на нашите активност.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.